Оваа активност предвидува спроведување на таргетирани обуки за однапред утврдената структура на управувачи и корисници на центарот за сортирање и складирање на зеленчук, како и на логистичко-дистрибутивната платформа во Скопје.

Обуките ќе бидат реализирани од ангажирани консултантски компании и ќе се базираат на реална проценка на потребите за развој на менаџерски, маркетинг и пост-бербени вештини. Целта е обезбедување квалитетно управување, ефективно користење на капацитетите и постигнување на очекуваните резултати.

Дополнително, ќе се подготват интерни договорни постапки помеѓу идниот закупец/управувач на платформата и корисниците, со што се зајакнува одржливоста на инвестициите и се обезбедува подобра организациска структура.