Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го спроведува Проектот за модернизација на земјоделството (ПМЗ) финансиран преку заем од Светска банка со цел подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор во Северна Македонија и зајакнување на јавните институции во контекст на процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Агенции ја поддржуваат имплементацијата, а воедно ќе бидат и корисници се Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. Проектот е во тесна координација и соработка со Агенцијата за катастар на недвижности.
Ефективноста на проектот беше прогласена на 18 јуни 2021 година. Датумот на затворање на проектот 31 декември 2027 година. МЗШВ е водечка агенција за имплементација на проектот и сноси целосна одговорност за управување и имплементација на проектот.
Тим за управување со проектот (ТУП)
- Перица Иваноски – Проектен директор (Државен советник за анализа на земјоделски политики)
- Љубица Патлиџанковска – Проектен координатор (Консултант)
- Ана Гацева – Специјалист за набавки (Консултант)
- Сашка Јовановска Вукелиќ – Специјалист за управување со финансии (Консултант)
- Зоран Дервишов – ИТ специјалист (Консултант)
- Стевко Трајковски – ИТ специјалист (Консултант)
- Славко Доковски – Градежен инженер (Консултант)
- Роза Перковска – Градежен инженер (Консултант)
- Трајче Митев – Специјалист за животната средина и социјални аспекти (консултант)
- Марта Пешевска – Асистент на канцеларија/Преведувач (Консултант)
Водачи на компоненти и технички комитет (државни службеници на МЗШВ):
- Игор Деспотовски, Раководител на Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
- Александар Мусалевски, Раководител на Сектор за анализа на земјоделски политики, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
- Розе Димовска, Раководител на Сектор за регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со овластување,
- Симеон Милевски, Раководител на сектор за аналитика и поддршка на работата на Директорот со овластување, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
