Целта на пот-компонентата 2.3 е да се поддржи воспоставувањето на безбедносен систем за отстранување на нус-производи во согласност со одредбите наведени во Поглавје 12 Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, воспоставување безбедносен систем за отстранување на нус-производи од животинско потекло., како дел од пристапните приговори за влез во ЕУ. Поддршката вклучува техничка помош, градежни работи и добра потребни за воспоставување на безбедносен систем за отстранување на нус-производи од животинско потекло. Поддршката вклучува и операционализација на систем за контрола долж целиот синџир (производство, одвојување, складирање, транспорт и отстранување и/или преработка); обука на инспектори и деловни оператори; воспоставување документирани процедури и списоци за проверка за одобрување на претпријатијата и нивна инспекција, комплетирање на усогласувањето по потреба на правната и регулаторната рамка во согласност со тековното и релевантното законодавство на ЕУ; и отпочнување на кампања за информирање и подигање на свеста за прехранбената индустрија за производство и преработка. На крајот, оваа поткомпонента се очекува значително да ги намали емисиите на стакленички гасови од депонирањето на добитокот.
Безбедно отстранување на нус-производи од животинско потекло
Животинските нус-производи кои не се наменети за човечка исхрана се потенцијален извор на ризици за здравјето на луѓето и животните. За да се заштити здравјето на луѓето, да се контролираат болестите на животните и да се заштити животната средина, треба да се воспостави безбедно управување со животинските нус-производи како дел од хоризонталниот систем за безбедност на храната во земјата.
Дополнително, во согласност со релевантното законодавство на Европската унија (ЕУ) за безбедно отстранување на нус-производи од животинско потекло, од Република Северна Македонија се бара да воспостави ефикасен национален систем за управување со нус-производи од животинско потекло, во согласност со критериумите и барањата опфатени со законодавството на ЕУ. Ова е предуслов за успешно завршување на преговорите во рамките на Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ.
Главната цел на воспоставувањето на ефикасен национален систем за управување со нус-производи од животинско потекло, вклучително со собирање и преработка на нус-поризводите, обезбедување правила за ракување и обработка на нус-производите, нивна циркулација, безбедно отстранување и искористување, како и задоволителен степен на заштита на јавното здравје, заштита на здравјето на животните, безбедност на храната и добиточната храна и заштита на животната средина. Со воспоставениот систем се очекува значително да се намалат емисиите на стакленички гасови од одлагањето на добитокот по воспоставувањето на безбедносен систем за отстранување на нус-производите кој е во согласност со националното и законодавството на ЕУ. Националниот систем треба да обезбеди институционален и оперативен капацитет за управување и нештетно отстранување на ABP и во исто време, заштита на јавното здравје и животната средина.
Во Република Северна Македонија оваа област е регулирана со Законот за нус-производи од животинско потекло и 15 подзаконски акти – прописи, кои произлегуваат од него и го регулираат собирањето, транспортот, отстранувањето, постапката, преработката, пренамена, складирање, трговија, дистрибуција, употреба и нештетно отстранување на нус-производи од животинско потекло. Овие национални правила се усогласени со европските правила.
Во моментов, не постои организиран систем за собирање, отстранување или користење на нус-производите од животниско потекло. Речиси сите овие производи се отстрануваат со закопување во депонии или јами. Тука спаѓаат и оние кои се генерираат од капацитети за производство на храна и од мртви добиток. Операторите со храна од животинско потекло кои се и генератори на нус-производи од животинско потекло во сопствените капацитети имаат воспоставено внатрешен систем на селекција по категории на нус-производи во текот на производниот процес, но поради отсуство на целосен систем, избраните категории на нус-производи производите се мешаат во една категорија при напуштање на објектот каде што се произведуваат. Отстранувањето од овие производи го вршат Јавните комунални претпријатија со кои операторите имаат склучено договор за собирање и одлагање. Овој отпад на крајот завршува како комунален отпад на градските депонии.
Првата активност преземена во рамките на оваа поткомпонента ќе ги опфати следните фази:
Фаза I – Избор на локација, изработка на физибилити студија, оцена на влијанието врз животната средина и социјалната средина и урбанистичко планирање.
Активност 1.1: Избор на локација
Активност 1.2: Изработка на физибилити студија и деловен план, шематски дизајн и почетна оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти/План за управување со животната средина и социјални аспекти
Активност 1.3: Урбанистичко планирање на локацијата
Во однос на изборот на локацијата, предложените две локации во општина Росоман ќе бидат оценети од консултантската куќа и соодветно ќе се избере соодветната локација. Двете локации ќе бараат процес на трансформација на земјиштето од земјоделско во градежно.
Фаза II – Развој на детален дизајн и финализирање на оцена на влијанието врз животната средина и социјалната средина заедно со План за управување со животната средина и социјални аспекти и Физибилити студија;
Активност 2.1: Развој на Детален дизајн според националното законодавство и FIDIC стандардите;
Активност 2.2: Финализирање на документи за животна средина и социјални аспекти специфични за локацијата врз основа на деталниот дизајн;
Фаза III – Техничка помош при подготовка на тендерската документација и управување со договори за градежни работи.
Активност 3.1: Техничка помош при подготовка на тендерската документација за изградба на фабрика за нештетно отстранување на нус-производи од животинско потекло
Активност 3.2: Техничка помош – Проширени услуги за дизајн;
Покрај овие активности, како дел од поткомпонентата 2.3, предвидено е да се поддржат градежните работи за изградба на објект за нештетно отстранување на производи од животинско потекло, консултантски услуги за надзор на градежните работи и набавка на опрема за новоизградениот објект, специјални камиони и контејнери.