Денеска започнува поддршката за имплементација на Светска банка во рамките на Проектот за модернизација на земјоделството.

Светска банка е активно ангажирана во мисија за олеснување на спроведувањето на Проектот за модернизација на земјоделството почнувајќи од 27 ноември до 7 декември 2023 година.

Оваа мисија има за цел да се надоврзе на резултатите од претходната мисија во мај 2023 година преку следење на напредокот на договорените активности и воспоставување планови за наредниот период.

Тимот на Банката прецизно ќе го прегледа напредокот во секоја проектна компонента, ќе се вклучи во дискусии со проектните водачи како и водачите на компонентите во врска со плановите за управување со договорите и тесно ќе соработува со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други агенции кои ја поддржуваат имплементацијата како корисници, и тоа Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата.

Оваа мисија ја нагласува посветеноста на Светска банка за поттикнување ефективно спроведување на Проектот за модернизација на земјоделството.