Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го спроведува Проектот за модернизација на земјоделството (ПМЗ) финансиран преку заем од Светска банка во износ од 46 милиони евра, со цел подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор во Северна Македонија и зајакнување на јавните институции во контекст на процесот на пристапување на земјата во ЕУ. Проектната пот-компонента 2.3 е кофинансирана со грант од ЕУ, во висина од 4 милиони евра.

Агенции ја поддржуваат имплементацијата, а воедно ќе бидат и корисници се Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. Проектот е во тесна координација и соработка со Агенцијата за катастар на недвижности.

Ефективноста на проектот беше прогласена на 18 јуни 2021 година. Датумот на затворање на проектот е 30 јуни 2025 година. МЗШВ е водечка агенција за имплементација на проектот и има целосна одговорност за управување и имплементација на проектот.

Тим за управување со проектот (ТУП)

  • Перица Иваноски – Проектен директор (Државен советник за анализа на земјоделски политики)
  • Љубица Патлиџанковска – Проектен координатор (Консултант)
  • Ана Гацева – Специјалист за набавки (Консултант)
  • Сашка Јовановска Вукелиќ – Специјалист за управување со финансии (Консултант)
  • Зоран Дервишов – ИТ специјалист (Консултант)
  • Славко Доковски – Градежен инженер (Консултант)
  • Роза Перковска – Градежен инженер (Консултант)
  • Трајче Митев – Специјалист за животната средина и социјални аспекти (консултант)
  • Марта Пешевска – Асистент на канцеларија/Преведувач (Консултант)

Водачи  на компоненти и технички комитет (државни службеници на МЗШВ):

  • Биљана Дамчевска, раководител на одделение за одржлив развој, Сектор за рурален развој , Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Игор Деспотовски, советник во одделение Кабинет на министер , Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Ивана Цавироска, соработник во одделение за Мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства, Сектор за анализа на земјоделски политики, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  • Даниела Иротова Лазарева, државен секретар, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  • Симеон Милевски, в.д. Раководител на сектор за аналитика и поддршка на работата на Директорот , Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
  • Арѓенд Османи, помошник раководител на Сектор за ветеринарно јавно здравство, Агенција за храна и ветеринарство