Целта на пот-компонентата е да се зајакнат капацитетите на МЗШВ преку поддршка во воспоставувањето на ефикасен систем за следење и евалуација кој обезбедува ефективно креирање и спроведување на политиките за земјоделски и рурален развој; и преку воспоставување информациски систем за ефективно и ефикасно управување со земјоделското земјиште во државна сопственост. Оваа пот-компонента опфаќа техничка помош, стоки, обуки и студиски патувања за зајакнување на капацитетот на МЗШВ за ефективно следење и евалуација и креирање на политики засновани на докази. Поточно, ќе се обезбеди техничка помош за:
- Воспоставување на систем за следење и евалуација во согласност со барањата на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) по 2020 година, како што е опишано согласно неодамнешните законски предлози на ЕК ќе овозможи евидентирање на сите релевантни индикатори, како што е предвидено во Рамката за следење и евалуација на перформансите на ЗЗП по 2020 година за да го насочи донесувањето на одлуки базирани на докази.
- Зајакнување на капацитетот на МЗШВ за ре-дизајнирање на постојната шема за директни плаќања на начин што ќе го олесни усогласувањето со тековните мерки за поддршка на земјоделскиот доход на ЕУ и интеграцијата на мерките за рурален развој во рамката на заедничката политика.
- Мапирање на тековно собраните податоци (во однос на променливите и софтверското/хардверското опкружување) за да се проценат (а) потребите и да се идентификуваат променливите на податоци што треба да се складираат во платформата и (б) потребната софтверска и хардверска инфраструктура. Пот-компонентата ќе обезбеди поддршка за воспоставување на една интегрирана платформа за податоци која ги вклучува сите релевантни податоци поврзани со земјоделството и руралниот развој кои моментално се наоѓаат од различни сектори на МЗШВ, АФПЗРР, АПРЗ, Државниот завод за статистика и други институции за донесување одлуки на централно ниво.
- Идентификување на збир на индикатори за перформансите и влијанието на земјоделството и руралниот развој кои можат да го водат донесувањето одлуки за политиките засновани на докази усогласено со Рамката за следење и евалуација на перформансите на ЗЗП.
- Развој на процедури за ажурирање на податоците и контрола на квалитетот.
- Олеснување на создавањето и функционирањето на систем за евалуација на земјоделскиот и руралниот развој, вклучително и поддршка за ex-ante, ex-post и тематски евалуации што треба да ги вршат независни експерти.
- Создавање информациски систем за подобрување на знаењето за климата, како и информативна платформа со клучни климатски варијабли и податоци кои ќе бидат достапни за сите земјоделски чинители на национално ниво.
Добрата обезбедени за овие аспекти вклучуваат софтвер и хардвер за складирање на постоечките историски податоци и во интегрираната платформа и во сателитските бази на податоци специфични за секторите на МЗШВ и институциите со цел сите бази на податоци да бидат компатибилни меѓу нив и во исто време, способни за пренос на променливи податоци на интегрираната платформа, во согласност со идните потреби за анализа на политиките. Обука за градење капацитети на МЗШВ за следење и евалуација и капацитети за анализа на политики, како и за контрола на квалитетот на евалуацијата и за користење на наодите од евалуација за анализа на политиките.