Оваа компонента има за цел да му обезбеди поддршка на МЗШВ во ефикасното спроведување на проектот, обезбедувајќи усогласеност со (финансиски менаџмент, набавки, еколошките и социјалните заштитни мерки и барањата за следење и евалуација во согласност со договорените аранжмани за спроведување на проектот. Поточно, компонентата ќе поддржува техничка помош, добра и дополнителни оперативни трошоци поврзани со формирањето на Тимот за управување со проектот (ТУП), е екипиран со проектен директор, проектен координатор, водачи на компоненти, специјалист за набавки, специјалист за управување со финансии, специјалист за животна средина и социјални аспекти, архитект, градежен инженер и асистент/преведувач. Персоналот и државните службеници во рамки на МЗШВ, АКН, ЈПСП, АФПЗРР и АХВ се назначени како лидери на компоненти за соодветните активности.
ТУП, исто така, ќе управува со проектниот механизам за коментари и поплаки и активностите за инклузија на граѓаните. Поддршката за имплементација на проектот, исто така, ќе опфати обезбедување техничка помош за секојдневната координација, дополнителна техничка поддршка, по потреба, како и дополнителни оперативни трошоци за поддршка на управувањето и следењето на проектот.
Дополнително, компонентата ќе ги поддржи финансиските ревизии и истражувања како што се потребни за следење и евалуација на резултатите и влијанијата од проектот.